Наша програма
Програмата на СТШ е прилагодена за подготовка на евангелски христијански водачи, верни на Троединиот Бог, и на учењето на Господ Исус Христос и Апостолите и на никејско-цариградското вероисповедање во современ балкански и глобален контекст.
Студирањето трае 2 години, со двосеместрални, едносеместрални и конференциско-
модуларни предмети.
-
Двосеместрални (д) - се изучуваат во една вечер во текот на секоја втора седмица, во текот на целата прва година
-
Едносеместрални (е) - по 3 часа секоја втора сабота во текот на месеци
-
Конференциско-модуларни (к) - кои ќе се одвиваат 2-3 цели денови.
Предмети
1 година
-
Вовед во Библијата (д) | Галевски (Октомври - Мај) (pdf)(15 ЕКТС)
-
Македонски културно-историски текови (д) | Маџаровски, Галевски, Јоновски и други (Октомври - Мај) (pdf) (15 ЕКТС)
-
Вовед во историја на црковата (е) | Јоновски (pdf) (6 ЕКТС)
-
Духовна формација (е) |Нaпиер, Калинов (pdf) (6 ЕКТС)
-
Црквата и социјалната работа (е)| Трбојевиќ, Иванов (6 ЕКТС)
-
Мисија (к) | Филип Џексон (pdf) (3 ЕКТС)
-
Холистичка работа со деца (к) | др. Онг (3 ЕКТС)
-
Евангелизација (к) | С. Петровски, С. Хаџиќ (3 ЕКТС)
-
Изборен предмет (к) (3 ЕКТС)
2 година
-
Христијанска мисија/Историја и мисија на Евангелско Протестантските Цркви во Македонија (е) | Јоновски (pdf) (6 ЕКТС)
-
Вовед во теологија (е) | Георгиевски (6 ЕКТС)
-
Вера и наука (е)| проф. др. Б. Алексовска (6 ЕКТС)
-
Толкување на Библијата (е) | Галевски (6 ЕКТС)
-
Изборен предмет (к) (3 ЕКТС)
-
Изборен предмет (к) (3 ЕКТС)
-
Практикум (15 ЕКТС)
-
Завршен труд (15 ЕКТС)
Конференциски Модуларни Предмети
-
Музичко Славење (к)
-
Проповедништво (к)
-
Правната положба на верските заедници во Македонија (к)
-
Црковна администрација (к)
-
Христијанско водстцо (к)
-
Мисиска контекстуализација (к)
Обем на работа по предмет. Секој предмет има четири задолжителни сегменти:
-
Слушање предавања.
-
Зададено читање од минимум 200 страни.
-
Испит со формат определен од професорот.
-
Практикум. Употреба на стекнатото знаење или вештина во реален црковен и пара-црковен контекст.