top of page

Нашите предавачи

Скопската теолошка школа е евангелска протестантска образовна институција која има за цел да овозможи образование на сите кои сакаат да го продлабочат својот однос со Бог, служењето во црквите и подобрување на секој сегмент на општеството.​

WhatsApp Image 2024-05-31 at 8.30.48 PM.jpeg

м–р Никола Галевски

пастор • теолог • мисиолог • уметност • твитерџија Протестантски Оџа

Роден и живее во Скопје, Македонија. Откако во средно училиште станува следбеник на Христос, тој служи во повеќе црковни сегменти, музичко славење, работс со студенти, мисиска работа во Битола со сопругата Анет, како и основање на Евангелска Црква Соулкрафт. Предава во Скопје, Македонија, Балканот, Европа и Северна Америка во подрачјата на Нов Завет, Мисија, Уметност и Евангелизација. Татко е на Жизел-Мариа Галевска, неговата сопругата Анет-Мариа Галевска премина кај при Бога, во Царство Небесно во 2021.

Jovan Jonovski.jpg

д-р Јован Јоновски, MTh

физичар • теолог • историчар • хералдичар • вексилолог

Роден во Скопје во 1971 година и своите први чекори во теологијата ги започнува во 1992 година со ICI (International Correspondence Institute) тогаш дописна програма од Теолошкиот факултет во Осијек, Хрватска. Во 1994 продолжува во Будимпешта на IBLA (International Baptist lay Academy) каде завршува во 1999 година. Во меѓувреме учи во Лондон во Аби Скул, и на неколку наврати го посетува Регент Парк Колеџот во Оксфорд. Продолжува на посдипломски студии во Нови Сад на Протестантскиот теолошки факултет магистрира во 2008 година на тема „Баптизмот во Македонија“.во 2010 година ги довршува студиите по физика на Природно математичкиот факултет. Во 2011 година е на истражување на мисионерското движење во САД и неговото влијание на Балканот, во Витон Колеџ (Чикаго), Теолошката школа на Јеил универзитетот (Њу Хејвен) и Архивата на Интернационалниот мисиски борд на Конвенцијата на јужните баптисти во Ричмонд. Во 2014 година магистрира историја во Скопје на Институтот за национална историја, група Историја на култовите и религиите во Македонија, на тема „Евангелско протестантските цркви во Македонија“. На истиот институт докторира со темата: „Сонцето и лавот како симболи во хералдиката и вексилологијата на Македонија“ во 2018 година. Научен интерес му се историјата на црквата во Македонија и правната положба на верските заедници, како и хералдиката, вексилологијата и фалеристиката. Старешина и одговорно лице на Христијанска црква Божји глас.

Jacksons.jpg

м-р Филип и Лин Џексон

проповедник • лидери •
љубители на спорт, природа и кафе

Филип и Лин Џексон се посветени меѓукултурни работници (мисионери) речиси 30 години, служејќи со SEND International во Македонија од 1995 година. Филип има магистратура по меѓукултурни студии од Columbia International University, а Лин има диплома по меѓународни односи од Samford University. Гледаат да прават ученици во се што прават и низ годините се вклучени во црковно формирање, развој на лидерство и организациско водство. Во моментов, Филип и Лин служат како регионални директори за Европа за SEND International. Израснати во мисионерски семејства (Филип во Суринам и Доминиканската Република, а Лин во Костарика), нивниот животен фокус е да живеат во оглед на вечноста, да го сакаат Господ со сето свое срце и да го активираат Божјиот народ да ја воспостават и изградат Црквата меѓу недопрените луѓе.

DanielNapierPhoto.jpeg

д-р Даниел Напиер

пастор  теолог  професор 

мисионер  автор

Даниел Напиер Пастор, Теолог, Професор, Мисионер и Автор. Моментално е Европски директор на организацијата “Ашреи“ чија цел е интегрирање на духовното оформување како категорија во припреми и обуки за мисионери и црковни служители. Тој со неговото семејство живее во Солун, Грција од 2018 година. Најпрво нивната служба беше посветена на бегалци од Блискиот Исток, кои почнаа да го следат Христос во тој контекст. Но, во моментов, нивната служба вклучува инвестирање во цркви и верници во источна Европа. Дел од студиите на Даниел опфаќаат: Додипломски студии по Нов Завет. Магистерски по Историја на Филозофија. Докторат на Историја на Теологија. Во 2010 тој ги завршува неговите докторски студии во Vrije универзитетот во Амстердам. Автор е на книгата “Патешествието до Исповедите: Корените и развојот на Августиновата филозовска антропологија“ (En Route to the Confessions: The Roots and Development of Augustine’s Philosophical Anthropology (Leuven: Peeters, 2013) Автор е и на уште една книга, која наскоро ќе биде издадена “Soul Whisperer: Jesus’ Way among the Philosophers”. Содржината на оваа книга е попристапна за пошироко читателство и е применлива во секојдневниот живот. Даниел исто така има работено седум години како професор во Теолошката школа во Остин, Тексас. Исто така шест години бил професор по теологија во Библискиот Институт во Загреб, Хрватска.

WhatsApp Image 2024-05-31 at 7.05.25 PM.jpeg

м–р Александар Маџаровски

поет • говорник • инфлуенсер во областа на литературата

Роден и живее во Скопје заедно со својата сопруга Ана и нивните два сина. Тој е еден од основачите на Евангелско протестанска црква „Гласност“ каде служи со проповедање и водење на славење повеќе од дваесет години. Магистер по филозофија а неговите главни интереси се од областа на филозофијата, теологијата, литературата и културата.

kiko.jpeg

Кристијан Калинов

пастор  режисер  активист

Еден од неговите главни интереси е воден од прашањето "Како до континуирана и значајна промена во животот на христовите следбеници?" Од ова прашање произлегува една од главните тези на предметот "Духовно Оформување." Тој како пастор и практикант на оваа тема веќе 6та година експериментално заедно со неговата заедница - ЕПЦ Гласност - ги применуваат овие учења во нивниот живот.

профилна.jpg

Филип Иванов

сопруг • татко • пастор • бушкрафтер • авантурист

Филип Иванов е роден на 25.04.1989 во Велес, Македонија, каде што живее до денешен ден. На своја седумнаест годишна возраст одлучува да го следи Христос и да Му го посвети животот Нему. Наоѓајќи го својот духовен дом во Евангелска Црква - Велес, почнува да служи на млади луѓе, па во текот на скоро три години започнува со младински состаноци во црквата во Велес, но исто така и во Штип и Неготино. Потоа, во 2009та, заедно со сопругата Марија заминуваат за Англија, на двегодишно теолошко образовние. По завршување на Библискиот колеџ, Филип ја развива и интернационалната проповедничка служба, при што проповеда на пет различни континенти, со посебен фокус на мисијата во Африка. Во 2017та година Филип го презема раководството на Евангелска Црква - Велес, каде што се уште е пастор. Најпрепознатливиот аспект од неговата служба е милосрдната дејност која ја започнува и развива таму, препозната и вреднувана не само од црквите, туку и од различни владини и невладини институции и организации, како и од заедницата и општството. Добитник е на надградите „Филантроп на годината“ и „9ти Ноември“, двете од Општина Велес.

bottom of page