top of page
application.jpeg

Упис

Во учебната 2024/25 година СТШ ќе запише редовни 12 студенти.

 

За конкурирање се потребни следните документи:

  1. Пријава преку онлајн формулар (подолу)

  2. Диплома за завршено средно 4 годишно средно образование*

  3. Копија од лична карта

  4. Препорака од пастор преку онлајн формулар (подолу)

  5. Интервју со СТШ

* Услов за добивање Диплома за Завршени Двогодишни Теолошки Студии, за студентите е приложување на уверение за завршено 4 годишно средно образование кога и да биде приложено уверението, без рок за истото.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

Конечната листа на примени кандидати ќе биде објавена најдоцна до 22 септември. Наставата започнува на 1 октомври 2024.

 

При уписот е потребно да се склучи договор за студирање со СТШ.

 

Субвенционираната цена (65% попуст од реалните трошоци) за студирање годишно е 21,700мкд за студенти од Македонија и од Балканот, и може да се плати на повеќе рати.

 

Уписнината е 6,200ден, се однесува на една учебна година и истата се уплаќа најдоцна до почетокот на академската година. Уписнината е неповратна ако студентот или студентката одлучи да го престане студирањето. Уписнината се користи како кредит и ќе се употреби кон трошоците за студирање. Затоа, откако ќе се плати уписнината, за плаќање за прва година остануваат 15,500 денари.

 

СТШ, во рамките на можностите може да понуди ограничен број попусти (фамилијарни и др.)

ТРАНСФЕР НА ПРЕДМЕТИ

ОД ДРУГИ ТЕОЛОШКИ ПРОГРАМИ

Студенти коишто имаат студирано теологија на други програми, можат да ги продолжат студиите на СТШ и академскиот раководител да побараат еквиваленција на положените испити.

ВОНРЕДНИ СТУДЕНТИ

Вонредните студенти можат да запишат еден или повеќе предмети со полагање на испити, за што ќе добијат сертификат со соодветниот број на ЕКТС. Доколку во иднина

решат да станат редовни студенти, овие кредити ќе се префрлат. Цената за едносеместрален предмет изнесува 3500ден.

СТУДЕНТ-СЛУШАТЕЛ

Предметите на СТШ можат да се слушаат без понатамошни обврски на задачи, испити и оценување. Студентот-слушател може да запише еден или повеќе предмети без полагање

на испити, за што ќе добијат потврда. Цената за слушање на едносеместрален предмет изнесува 1500ден.

bottom of page